Тричасовна молитва во рамките на акцијата „Православните против абортусот“ се одржа во Санкт Петербург
 
 
 
 
 

Тричасовна молитва во рамките на акцијата „Православните против абортусот“ се одржа во Санкт Петербург (13.01.2008)

Тричасовна молитва во рамките на акцијата „Православните против абортусот“ се одржа на 12 јануари во Казанскиот соборен храм во Санкт Петербург. По иницијатива на медицинско-просветителниот центар „Живот“ овде беа запалени стотици свеќи во спомен на бебињата, кои во Русија секојдневно се убиваат во утробата на мајката.

Според официјални податоци, секојдневно во државните медицински установи во Русија се извршуваат околу 2 милиони абортуси.

На плоштадот пред главниот соборен храм во Санкт Петербург беше отслужен Молебен „за зголемување на љубовта“, пред иконата со дел од моштите на Витлеемските младенци.

Согласно Евангелието, 14 илјади младенци на возраст од две години беа убиени по наредба на нечестивиот цар Ирод, набргу после раѓањето на Христос, и така станувајќи први свети маченици.

 

Извор: Патриархиа.ру