Илјадници верни присуствуваа на Божикната богослужба во Витлеем
 
 
 
 
 

Илјадници верни присуствуваа на Божикната богослужба во Витлеем (08.01.2008)

Илјадници православни поклоници присуствуваа на Божикната богослужба во храмот на Рождество Христово во Витлеем, местото кадешто се родил Исус Христос. Богослужби имаше и во останатите градови во Израел како и на палестинските територии, каде што живеат христијани, коишто го празнуваат Божик по јулијански календар.

Според податоци од Министерството за туризам во Светата земја пристигнаа најмалку 10.000 поклоници од Русија, Грција и од останатите православни земји. Велат дека во Витлеем немало ваков голем наплив на луѓе од пред повеќе од пет години. Собраниот верен народ на плоштадот пред храмот на Рождеството Христово го благослови Ерусалимскиот патријарх Теофил.

Извор: Православие.бг