Второ соопштение од Светиот Синод на СПЦ
 
 
 
 
 

Второ соопштение од Светиот Синод на СПЦ (24.11.2007)

„Здравствената состојба на Неговата Светост Српскиот патријарх Павле после инфекцијата на респираторните канали е стабилизирана“, се вели во дневниот извештај на лекарскиот конзилиум на ВМА, кој го потпишал проф. др. Ѓоко Максиќ, началник на одделот за лекување. Како што се истакнува, лекувањето на Патријархот треба да продолжи според упатствата на конзилиумот на експерти на ВМА.

Ова се вели во второто званично соопштение на Светиот Синод за здравјето на патријархот откако тој се наоѓа на лекување.  

Весникот „Нин“ ја пренесува и пораката на Српскиот патријарх: „Треба да се молиме за сите луѓе. Пред сѐ, за луѓето со добра волја. Но, и за луѓето со зла волја, за и нивната волја да стане добра, бидејќи и ним им е потребно спасението.“

 

 

Извор: Spc.yu, Politica.co.yu