Претставниците на Руската и Романската Патријаршија ќе се сретнат во Софија
 
 
 
 
 

Претставниците на Руската и Романската Патријаршија ќе се сретнат во Софија (19.11.2007)

Претставниците на Руската и Романската Патријаршија ќе се сретнат на 22 ноември во Софија, изјави спикерот на Романската Православна Црква, Константин Стојка.

Московската Патријаршија предложи средбата да се одржи во Србија или во Бугарија. Делегацијата на Романската Патријаршија која ќе учествува на средбата е предводена од Архиепископот на Трговиште г. Нифон, кој ќе биде придружуван од Епископот на Дунри де Жос г. Касијан, викарниот Епископ на Патријаршијата г. Кипријан и Влад Кубрјаков, пратеник во парламентот на Република Молдавија.

Членови на руската делегација ќе бидат: Митрополитот черновски г. Онуфриј, викарниот Епископ хотински г. Маркел, претставниците на Одделот за меѓуцрковни односи на Московската патријаршија Епископот г. Марк и протоереј Николај Балашов. 

 

Извор: http://pravoslavie.bg/content/view/8527/202/