Програма на церемонијата на востоличувањето на Неговото Блаженство Даниел за VI патријарх на Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Програма на церемонијата на востоличувањето на Неговото Блаженство Даниел за VI патријарх на Романската Православна Црква (29.09.2007)

Програмата на церемонијата на востоличувањето на Неговото Блаженство Даниел за Архиепископ на Букурешт, Митрополит на Мунтенија и Доброџа, и местоблустител на престолот на Кесарија Кападокиска и Патријарх на Романската Православна Црква е следниот:

Во недела, на 30 септември 2007 година, од 8.30 до 10.30 ќе биде отслужена Божествена Литургија од Митрополитите на Романската Православна Црква во патријаршиската катедрала во Букурешт.

Од 10.30 до 11.30 ќе биде одржано востоличувањето на Романскиот патријарх.

Од името на Светиот Синод на Романската Православна Црква, поздравно слово ќе изговори Митрополитот на Ардеал г. Лаврентиј. Потоа поздравно слово ќе изговори Патријархот на Романската Православна Црква г. Даниел.

Од 11.30 до 12.00 во патријаршиската палата ќе биде потпишан документот во Златната книга на Романската патријаршија.

Од 12.00 до 13.45 во големата сала на патријаршиската палата ќе се одржи седница на Светиот Синод заради презентирање на официјалните честитки по повод изборот на новиот патријарх.

Од 16.30 до 17.30 на новоизбраниот патријарх ќе му биде доделен национален орден „Романска ѕвезда - Голем Крст“ од Неговата Екселенција г. Трајан Басеску, претседател на Романија, во палатата Котрочени. Во 19.30 часот во патријаршиската резиденција ќе се одржи средба на патријархот Даниел со православните делегации.

Во 22.15 патријархот Даниел ќе даде интервју за Телевизијата.

 

На востоличувањето ќе присуствуваат претставници од помесните Православни Цркви и тоа од: Цариградската патријаршија, Ерусалимската патријаршија, Антиохиската патријаршија, Александриската патријаршија, Московската Патријаршија, Бугарската патријаршија, Српската патријаршија, Грчката Православна Црква, Кипарската Православна Црква, Православната Црква на Чешка и Словачка, Украинската Православна Црква, Полската Православна Црква, Финската Православна Црква, Грузиската Православна Црква, Албанската Православна Црква, Романската Православна Епископија во Америка.

 

Извор: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007092920