25-годишнина од упокојувањето на о. Серафим Роуз
 
 
 
 
 

25-годишнина од упокојувањето на о. Серафим Роуз (23-08-2007)

На 2 септември ќе се исполнат 25 години од упокojувањето на јеромонахот Серафим (Роуз). Благодарение на мноштвото преводи на разни јазици на богословските и апологетски трудови на отец Серафим, тој стана учител на верата и благочестието за мнозина православни христијани ширум светот. Карактеристична црта на богословското наследство на отец Серафим е неговота строга и беспрекорна верност на светоотечкото Предание. Особено важен е и мисионерскиот опит на отец Серафим.

25-годишнината од упокојувањето на о. Серафим ќе биде особено одбележана во неговиот манастир, посветен на свети Герман во Платина. Во недела, на 2 септември во 2 часот ќе бидат прочитани циклус предавања посветени на о. Серафим, а во понеделник на 3 септември ќе биде отслужена Архиерејска Божествена Литургија, после која ќе се отслужи панихида на гробот на о. Серафим.

 

Извор: http://www.wadiocese.com/