Осветен возобновениот манастир на свети Спиридон Чудотворец – метох на Лесновскиот манастир
 
 
 
 
 

Осветен возобновениот манастир на свети Спиридон Чудотворец – метох на Лесновскиот манастир (23.07.2007)

На 21. 07. 2007 година (свети великомаченик Прокопиј; преподобен Теофил Мироточив), Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј и надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, со игуменот Дамаскин и повеќе свештенослужители од Македонската Православна Црква, го освети возобновениот манастир на свети Спиридон Чудотворец, со новиот конак и кабанаријата - метох на Лесновскиот манастир. По осветувањето беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија.

 

 

                   

 

 

                   

 

 

 

                    

 

      

На чинот на осветувањето, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во својата проповед истакна: “каде што текла вода пак ќе тече и каде што било манастир пак ќе биде манастир, Господ прави чуда и после толку години пак Господ си направи дом за молитва, а во продолжение рече кој друг би се грижел повеќе за манастирите ако не монасите, на манастирот му прилега со монаси”.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на Архиепископот г. г. Стефан и Митрополитот г. Тимотеј за големата чест и почит кон Брегалничката епархија и Лесновската обител и истакна дека “манастирот е возобновен и е изграден нов конак со камбанарија за 13 месеци и од денес овој манастир ќе биде жива црква Христова каде ќе живее сестринство кое со својот труд ќе Му угодува на Бога. Овој манастир го изградивме и осветивме како дар на Нашата Македонска Православна Црква по повод 40 годишниот јубилеј од возобновувањето на славната Охридска Архиепископија во лицето МПЦ”.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј истакна дека “се радува што неговото духовно чедо Митрополитот Иларион, како млад Владика, прави такви големи дела кон Бога и се надева дека уште многу манастири и цркви ќе гради и ќе ја чува и возобновува Македонската Православна Црква”.

Игуменот на Лесновскта обител отец Дамаскин им се заблагодари на сите дарители кои се запишаа во книгата на манастирот и им подели пригодни благодарници.

На трпезата на љубовта, г. Ѕвонко Муцунски, преседател на Комисијата за односи верски заедници и религиозни групи во РМ, од името на Владата на Р. Македонија и од свое лично име, на манастирот на свети Спиридон му подари икона со ликот на Мајката Божја и истакна дека МПЦ доживуува голем напредокот во овој период со обновување на голем број цркви и манастири. Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, духовник на Лесновското братство и сестринството при метохот на свети Спиридон, примајќи ја иконата со ликот на Мајката Божја, му се заблагодари на Премиерот и Владата на РМ, како и на Преседателот на Комисијата, посакувајќи заеднички да работиме за националното и духовно единство на нашиот македонски православен народ за да можеме да опстанеме како народ и Црква.  

Манастирот беше посетен од многуилјаден народ од Р. Македонија и пошироко.

 

 

             

 

Известува: ѓакон Саше Ристов