Цариградскиот патријарх Вартоломеј ја отвори Конференцијата на православната младина во Турција
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј ја отвори Конференцијата на православната младина во Турција (15.07.2007)

Од 11 до 16 јули во Истанбул, Цариградската патријаршија со благослов на нејзиниот поглавар, Патријархот Вартоломеј, организираше втора Меѓународна конференција на православната младина на тема: „Членовите на Црквата, граѓани на светот“. На конференцијата учествуваа млади од сите епархии на Цариградската патријаршија, од другите помесни Православни Цркви, од повеќе монашки заедници, од други христијански цркви и конфесии, од повеќе православни Богословски факултети, академии, институти и семинарии, меѓународни црковни организации, меѓународни друштва на млади и културни институции. Со Конференцијата претседаваше Митрополитот Генадиј, ко-претседател на Мешаната комисија за богословски дијалог меѓу Православната и Римокатоличката црква, заедно со секретарот на Светиот Синод на Цариградската патријаршија г. Елпидофор. Во поздравното слово Патријархот Вартоломеј рече: „На Конференцијата ќе се дискутира за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите луѓе како членови на Црквата и жители на светот. Исто така ќе се одржат повеќе презентации за младите и нивното православно сведоштво во плуралистичкото друштво, нивните односи и одговорности кон светот, особено кон општеството, нивното коегзистирање со луѓето од друга вера во Дијаспората, ќе се дискутита на прашања за заштита на природната средина, на прашања за социјална правда и човечки права во однос на секуларизацијата и глобализацијата, за Православната духовност и облици на светост.“

 

       

 

 

 

                                               

 

Извор: http://youth.ecupatriarchate.org/