Градот Сочи - место каде што ќе се одржат Зимските Олимписки игри во 2014
 
 
 
 
 

Градот Сочи - место каде што ќе се одржат Зимските Олимписки игри во 2014 (05.07.2007)

Неговата Светост патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II им честиташе на претседателот на Русија Владимир Путин, на делегацијата на Русија во Гватемала и на сите членови на Олимпискиот комитет во врска со изборот на градот Сочи за место на одржување на Зимските Олимписки игри во 2014 година.

„Ние, како и сите жители на Русија со големо воодушевување го примивме известувањето од Гватемала за тоа дека со решение на Меѓународниот Олимписки комитет за место на одржување на Зимските Олимписки игри во 2014 година е избран градот Сочи. Кај милионите наши сонародници, кои со надеж и со големи емоции ги следеа настаните во Гватемала, оваа вест беше примена со голема радост и таа стана уште еден моќен импулс во осветувањето и зацврстувањето во чувството на патриотизмот и националното достоинство“, се кажува во поздравното слово на Рускиот патријарх.

извор: www.patriarhia.ru