Романската Црква ја осуди одлуката за отстранување на крстовите од училиштата
 
 
 
 
 

Романската Црква ја осуди одлуката за отстранување на крстовите од училиштата (30.06.2007)

Романската Православна Црква ја осуди судската одлука којашто ги поддржа повиците за ставање забрана во франсцуски стил за религиозните симболи во училиштата.

„Црквата не е таа што ги постави крстовите и иконите во училниците, туку децата, родителите и наставниците“, изјави отец Костас Стоица, портпарол на Романската патријаршија, на 26 јуни. „Тоа не се институционални симболи на една конкретна Црква. Тие симболизираат универзални религиозни и културни вредности“, објасни о. Костас.

 

извор: Pravoslavie.bg