Цариградскиот патријарх го посети архиепископот Христодул
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх го посети архиепископот Христодул (18.06.2007)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј, придружуван од Иконискиот митрополит Теоклит и главниот секретар на Патријаршијата, архимандрит Елпидофор, вчера наутро на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ беше пречекан од грчкиот министер за образование Мариета Јанаку, како и од претставници на Светиот Синод на Грчката Црква. Цариградскиот патријарх разговарал телефонски со Грчкиот архиепископ Христодул веднаш по неговата хоспитализација во болницата „Аретио“, Атина, минатата недела, а вчера, за време на кратката посета на Атина и го посети во болницата. По получасовната посета, патријархот Вартоломеј изјави дека Архиепископот се чувствува добро и дека со него разговарале околу црковни прашања. Тој исто така кажа дека лекарите даваат многу оптимистичка прогноза за здравјето на пациентот, но неговата надеж е во Бога. По ова, Патријархот се врати во Истанбул истиот ден.

известува: RNN