Нов митрополит на Шпанија и Португалија (Вселенска Патријаршија)
 
 
 
 
 

Нов митрополит на Шпанија и Португалија (Вселенска Патријаршија) (12.05.2007)

Во присуство на неколку стотици верни, во неделата, на 6 мај 2007 година, во патријаршиската црква на свети Георгиј во Цариград, беше извршена хиротонија на новиот Митрополит на Шпанија и Португалија, г. Поликарп (Ставропулос). Хиротонијата ја изврши Неговата Светост, Цариградскиот патријарх Вартоломеј во сослужение со членовите на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија.

            

 

                                           

 

Новиот Митрополит на Шпанија и Португалија е роден на 15 октомври 1963, во Навпактос (Грција). Ги има завршено теолошките студии на Универзитетот во Атина и на Григоријанскиот Инстиутот за ориентални студии во Рим. На 15 јануари 1990 година е ракоположен во ѓаконски чин од Митрополитот Вартоломеј на Халкидон (денес Цариградски патријарх), а ден потоа во свештенички чин од Митрополитот Александар на Навпактос (денес Митрополит на Мантинеја). Оттогаш е свештенослужител во парохијата на свети Георгиј во Венеција, во најстарата православна црква во Западна Европа. По формирањето на Митрополијата во Италија во 1991 година, тој станува нејзин главен викар. Учествува во повеќе различни мисии и ја претставува Цариградската Патријаршија. Православната Архиепископија на Шпанија и Португалија е под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Таа е оформена во 2003 година со патријаршиски томос. Претходно, Шпанија и Португалија беа дел од Архиепископијата на Франција и Егзархатот на Иберискиот полуостров (Цариградска Патријаршија). Седиштето на Митрополијата на Шпанија и Португал е во Мадрид.

Светиот Синод на Цариградската Патријаршија , на својата седница од 30 април 2007 год., едногласно го избра г. Поликарп за нов Митрополит на Шпанија и Португалија.

известува: Orthodoxia.be