Во Романија за првпат отслужена Литургија за луѓе со оштетен слух
 
 
 
 
 

Во Романија за првпат отслужена Литургија за луѓе со оштетен слух (04.05.2007)

Во црквата на светите Константин и Елена во реонот Брашов на 23 април оваа година беше отслужена за првпат Литургија за верници со оштетен слух. Литургијата беше отслужена и преведувана од свештеници на Романската Православна Црква од Архиепископијата на Сибиу.

Заедно со парохијаните, кои го слушаа Божјото слово, на службата учествуваа и верници кои го примаа Божјото послание на јазикот на глувонемите. Тоа нема да биде единствен случај на служење Литургија за луѓе со оштетен слух. Истиот свештеник, после Педесетница во параклисот на црквата, ќе отслужи служба за луѓето со оштетен слух, а на 13 мај ќе има богослужба за луѓето со оштетен вид.

 

известува: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007042309