Социолозите утврдија дека религијата има позитивно влијание врз поведението на децата
 
 
 
 
 

Социолозите утврдија дека религијата има позитивно влијание врз поведението на децата (30.04.2007)

Џон Бартковски, социолог од универзитетот Мисисипи, и неговите колеги во журналот Social Science Research објавија резултати од истражување што сведочат за тоа дека децата на религиозни родители подобро се однесуваат и се поурамнотежени. Ова е прво истражување посветено на влијанието на религијата во развојот на децата и тоа покажува и дека постојаните конфликти во семејството на верска основа имаат сосема спротивен ефект.

Истражувачите прашаа повеќе од 16 илјади учители и родители на ученици од основно образование (повеќето од нив првоодделенци), за да дознаат како возрасните ја оценуваат самоконтролата на децата и нивната комуникација со врсниците, колку често кај децата се пројавува лошо расположение и поведение. Потоа тие појаснија колку често родителите ги водат децата во црква, зборуваат со нив за религијата, спорат за верата и за Бога меѓу себе – и овие податоци ги споредија со претходните.

Се покажа дека децата чиишто родители одат во црква (особено ако и таткото и мајката го прават тоа често), и самите родители а и учителите ги оценуваат како поспокојни и поурамнотежени, покомуникативни и подложни на воспитување. Притоа ако во домот на религиозна основа постојано изникнуваат спорови, тогаш вероисповедта почнува да се восприема како извор на постојана тензија и постои поголема веројатност кај таквите деца да се јават различни проблеми.

Зошто е религијата полезна за децата? Братковски смета дека за тоа има низа причини. Во религиозните конгрегации е пракса на секој начин да се поддржуваат родителите и да им се помага, што без сомнение доведува до подобрување на однесувањето на родителите, а тоа од своја страна се одразува на квалитетот на воспитанието. Понатаму: во религиозната средина постои таков систем на вредности и норми кој од самиот почеток ги учи децата да бидат самопожртвувани, да го почитуваат семејството и мислењето на постарите, што индиректно влијае на нивното воспитание. Најпосле, институцијата на Црквата му дава на воспитанието своеобразно свештено значење.

Освен тоа постои и обратната врска: родителите на децата кои добро се однесуваат се чувствуваат пријатно во црковна средина.

известува: Патриархия.ru