Целосно е регулиран канонскиот спор околу епископот Василиј (Озборн)
 
 
 
 
 

Целосно е регулиран канонскиот спор околу епископот Василиј (Озборн) (30.03.2007)

„Проблемот поврзан со преминувањето на епископот Василиј (Озборн) под јурисдикција на Цариградската Патријаршија канонски е регулиран во целост“ – им изјави на 29 март на новинарите претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија, митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил.

„Проблемот настана затоа што епископот Василиј прејде во Цариградската Патријаршија самоволно, без да бара согласност од Московската Патријаршија, под чија јурисдикција се претходно наоѓаше. Сега Цариград ги побара неговите документи, во кои обично се дава и канонски отпуст, што значи дека Московската Патријаршија му даде на епископот Василиј канонски отпуст“ – појасни Митрополитот Кирил. Рускиот архиереј забележа дека решението на дадениот канонски спор е резултат на средбата на делегациите на Цариградската Патријаршија и Руската Православна Црква оваа зима во Женева.

„Сега епископот Василиј законски ќе ја претставува Цариградската Црква и со него ќе може да се сослужува“ – рече Митрополитот Кирил.

Известува: Патриархиа.ру