Пекинг
 
 
 
 
 

Пекинг (11.03.2007)

Во православната парохија на Успението на Пресвета Богородица, во просториите на амбасадата на Руската Федерација во Народна Република Кина, во Пекинг, за време на првата недела од Велигденските пости богослужбите се одвиваа во поранешната црква на свети Инокентиј, а сега собраниска сала, наречена Црвена сала. По покана на парохиските верници, служеше свештеникот Алексеј Киселевич, кој допатува од Шангај.

 

            

 

            

Во понеделникот, вторникот, средата и четвртокот беше отслужена Вечерна служба со Големиот покаен канон на свети Андреј Критски. На службите покрај вработените во Руската Амбасада, присуствуваа и други православни верници што живеат во Пекинг.

Истовремено, оваа недела во Кина беше одбележана со масовни прослави на Кинеската нова година, заради што Вечерните служби во Црвената сала беа придружени со непрестајна бучава од петардите и огнометот.

Во вторникот, во вероучилиштето за возрасни, редовното предавање беше посветено на Великиот пост. Отец Алексеј беше гостин-предавач и одговараше на многубројните прашања во врска со значењето на постот во животот на верниците.

Во петокот, отец Алексеј ја вршеше света Тајна исповед. Во саботата, на денот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Божествена Литургија, на која верниците се причестија со Светите Христови Тајни. Оваа недела многу деца беа присутни на службите. Отец Алексеј ја изврши и Светата Тајна Крштение на две деца на вработени во Руската амбасада.

По завршувањето на Божествената Литургија во саботата, на верниците им беше поделена илустрирана детска Библија.

За жал, православните Кинези сѐ уште немаат можност да се собираат на богослужби заради тоа што сѐ уште немаат црква во Пекинг.

Известува:Orthodox.cn