Света Гора
 
 
 
 
 

Света Гора (06.03.2007)

Наскоро на Света Гора ќе биде воведена програма за рециклирање, што е резултат на соработката меѓу Светата заедница на Света Гора и Лигата на Организации на солунските локални власти.

Лигата ќе ги снабди манастирите со севкупната потребна инфраструктура (канти, контејнери, итн.), а преносно депо ќе функционира, со крајна дестинација кај Тагарадес. За почеток ќе бидат обезбедени 50 канти, кои ќе бидат ставени на места што ќе ги посочи Администрацијата на Света Гора, а можно е според потребите да биде зголемен нивниот број. Рециклирањето ќе опфаќа стакло, хартија, алуминиум и метал, и според претходни пресметки годишно ќе се собира 200 тони рециклиран материјал.

 

известува: http://newsportal.rnn.gr/?c=176&a=2208