Патријарсите Алексиј II и Илија II ќе сослужуваат во московскиот храм на Христос Спасителот
 
 
 
 
 

Патријарсите Алексиј II и Илија II ќе сослужуваат во московскиот храм на Христос Спасителот (27.02.2007)

На 4 март, во втората недела од Великиот пост, која Црквата Божја му ја посвети на светиот Солунски архиепископ Григориј Палама, Божествена Литургија во црквата на Христос Спасителот ќе отслужат Рускиот патријарх Алексиј II и Грузискиот патријарх Илија II. Почетокот на богослужбата е во 9.30 часот.

Инаку, Грузискиот патријарх ќе престојува во Русија од 1 март. На 2 март тој ќе богослужи во московскиот храм на св. великомеченик Георгиј Победоносец во Грузини и ќе земе учество во презентацијата на XIII том на „Православна енциклопедија“, во кој се поместени две статии посветени на Грузија и Грузиската Православна Црква.

 

Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/203889.html