Света Гора: минатите пет децении и следните
 
 
 
 
 

Света Гора: минатите пет децении и следните (11.02.2007)

Мадингли Хол е величествен имот од 16 век, кој се наоѓа на околу 5 км западно од Кембриџ, Велика Британија. Му припаѓа на Универзитетот Кембриџ и се користи како центар за конференции. По успехот на првите две конференции, во 2003 и 2005 година, здружението „Пријатели на Света Гора“ реши да организира трета конференција во Мадингли Хол, во февруари 2007 година. Од 9 до 11 февруари, таму се одвиваат низа беседи, водени од меѓународно познати научници, од кои секој познава детално одреден аспект од денешната ситуација на Света Гора и сака темата да допре до еден поширок аудиториум.

 

Основни учесници се: Епископ Калистос Вер (Оксфорд), д-р Грејам Спијк (Оксфорд), д-р Оливер Ракам (Кембриџ), проф. Рене Готони (Хелсинки), Вилијам Лили (Солун), д-р Никола Констас (манастир Симонопетра, Света Гора).

 

Извор: The Friends of Mount Athos