Светиот Архиерејски Синод на БПЦ го избрa Епископот Николај за Пловдивски Митрополит
 
 
 
 
 

Светиот Архиерејски Синод на БПЦ го избрa Епископот Николај за Пловдивски Митрополит (05.02.2007)

 

 

Светиот Архиерејски Синод на Бугарската Православна Црква, од двајцата кандидати со најголем број гласови од епархиските избирачи, за Пловдивски Митрополит го избра Неговото Високопреосвештенство г. Николај, Епископ Знеполски и викар на Патријархот. Востоличувањето на новиот Пловдивски Митрополит ќе се одржи на 17 февруари 2007 година, на Вечерната богослужба во соборната црква во Пловдив.