Грузиската Патријаршија со сопствена телевизија
 
 
 
 
 

Грузиската Патријаршија со сопствена телевизија (25.01.2007)

Денес, Грузиската Патријаршија потпиша договор со кој доби фреквенција на каналот „Еврика“. Според зборовите на Грузискиот патријарх Илија Втори се работи за историски настан. Грузиската Патријаршија многупати ја изразуваше својата загриженост за изобилството од содржини со насилство и неморал, кои ги преплавуваат гледачите од ТВ каналите. Како што изјави поставениот на должноста раководител на новата телевизија г. Георги Андриадѕе, лидер на движењето „Национално лоби“, по својата форма програмата нема да биде верска туку општествено-информативна и ориентирана кон националните дијаспори, со цел тие да не ја загубат врската со Грузија. Имено, со таа цел новиот Тв канал ќе ја одразува особената традиција, животострој и култура на Грузија.

Новиот канал, чие име сè уште не е прецизирано, ќе работи под покровителство на Грузиската Патријаршија и под контрола на „Инспекцискиот совет на фондот на Патријархот“. Грузиската Православна Црква има и свое радио „Иберија“, што започна со работа во јануари 2001 година.

Пред неколку дена Грчката Православна Црква исто така соопшти дека е постигнат договор за добивање фреквенција за нејзин православен телевизиски канал. Веќе неколку години таму работат многу успешно телевизиски канали на одделни православни заедници.

 

Известува: http://www.dveri.bg/content/view/3497/33/