Истанбул
 
 
 
 
 

Истанбул (03.12.2006)

На 29 ноември 2006 год., Цариградскиот патријарх Вартоломеј го прими папата и епископот римски Бенедикт XVI. На аеродромот во Истанбул папата го пречекаа Цариградскиот патријарх Вартоломеј, Архиепископот за Америка г. Димитриј и Митрополитот Пергамски г. Јован, во својство на ко-претседател на Заедничката меѓународна комисија за богословски дијалог меѓу Православната Црква и Римокатоличката Црква. На 30 ноември на денот на светиот апостол Андреј, во црквата на свети Георгиј во Истанбул, Цариградскиот патријарх Вартоломеј отслужи Архиерејска Литургија во сослужение со повеќе митрополити, епископи и свештеници.

На крајот од средбата патријархот Вартоломеј I и папата Бенедикт XVI објавија заедничко соопштение.

преземено од: www.patriarchate.org