Пожар во манастирот Кутлумуш на Света Гора
 
 
 
 
 

Пожар во манастирот Кутлумуш на Света Гора (01.12.2006)

Вечерта на 28 ноември настана пожар во светогорскиот манастир Кутлумуш. Нанесени се штети во вредност од околу 50.000 евра. Пожарот избувнал на последниот спрат и изгорени се 60 квадратни метри од покривната конструкција. Благодарение на брзата пожарникарна служба, пожарот бил навремено изгaсен. Манастирот Кутлумуш се наоѓа блиску до седиштето на монашката република, Кареа, a основан е во 11 век.

известува: Ec-patr