Осма работна средба на Комисиите на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква
 
 
 
 
 

Осма работна средба на Комисиите на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква (26.10.2006)

На 24 октомври 2006 година во Келн започна заедничката работна средба на Комисиите на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква. 

Од страна на Московската Патријаршија во работаната Комисија учествуваат: Претседателот на Комисијата архиепископот Корсунски Инокентиј, архиепископот Верејски Евгениј, протоерејот Владислав Ципин, архимандритот Тихон, и секретарот на Комисијата протоерејот Николај Балашов. 

Од страна на Руската Задгранична Црква на средбата учествуваат: претседателот на Комисијата архиепископот Берлински и Германски Марк, архиепископот Сан-Франциски и Западно-Американски Кирил, архимандритот Лука, протоерејот Александар Лебедев и секретарот на Комисијата, протоерејот Николај Артемов.

 

Оваа средба е осма по ред. На ова заседание е планирано да се продолжи со работата започната во претходните работни средби. Во план е да се разгледа протоколот за свечено потпишување на „Актот за канонско единство“, одобрен од страна на свештеноначалството на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква. Исто така во план е да се решат и други прашања, како за клириците кои се примени во Руската Задгранична Црква без соодветни канонски процедури, така и за парохиите и епархиите на Руската Задгранична Црква кои се наоѓаат на канонската територија на Московската Патријаршија.

 

известува: Одделот за надворешни црковни врска на МП