Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил во посета на Велика Британија
 
 
 
 
 

Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил во посета на Велика Британија (15.10.2006)

Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, ќе престојува во Лондон од 12 до 16 октомври 2006 година, по повод прославата на 50 години од изградбата на руската православна соборна црква во Лондон.

На 13 октомври Митрополитот Кирил оствари средби со архиепископот Григориј Тиатирски (Цариградска Патријаршија) и со епископот Ричард Чартрс од Англиканската Црква.

Вечерта Митрополитот Кирил во сослужение со архиепископот Инокентиј, привремен администратор на Сурожската епархија, архиепископот Керчски Анатолиј, епископот Виенски и Австриски Иларион и повеќе свештеници од Сурожската епархија, отслужи сеноќно бдение по повод празникот на Покровот на Пресвета Богородица во руската соборна црква во Лондон.

На 14 октомври Митрополитот Кирил се сретна со клириците од Сурожската епархија и отслужи помен на гробот на Митрополитот Антониј Блум.

Денес, на 15 октомври, Митрополитот Кирил отслужи и Божествена Литургија по повод 50 годишнината од основањето на руската соборна црква во Лондон, посветена на Успението на Пресвета Богородица. Вечерта Митрополитот одржа прес-конференција.

Известува: egliserusse.typepad.fr