Избор за нов поглавар на Кипарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Избор за нов поглавар на Кипарската Православна Црква (29.09.2006)

поранешниот Архиепископ на Кипарската Православна Црква, г. ХризостомНа проширеното заседание на Светиот Синод на Кипарската Православна Црква во мај во Швајцарија беше донесено решение за избор на нов поглавар на оваа помесна Црква и оставка на нејзиниот поранешен Архиепископ Хризостом, заради тоа што истиот боледува од Алцхајмеровата болест и веќе четири години не може да ги исполнува своите должности.

Изборите за нов поглавар на Кипарската Црква се одвиваат во три етапи. Околу 500.000 жители на Кипар, регистрирани како членови на Црквата, имаат право да учествуваат во првата рунда на гласањето. Таа се одржа на 24 септември и беа избрани 1400 специјални претставници коишто поддржуваат определен кандидат. За оваа рунда од изборите имаше реакции од страна на поранешниот Архиепископ и на некои други Епископи дека постоеле неправилности при гласањето, но сепак исклучена е можноста да се измени исходот на изборите. Според резултатите од овој дел од изборите, најголеми шанси за победа има Митрополитот Лимасолски Атанасиј, а негови главни против-кандидати се Митрополитот на Кика Никифор и Митрополитот на Паф Хризостом.

Втората рунда треба да се одржи во октомври, кога овие 1400 претставници ќе изберат меѓу себе 100 избирачи. Кон крајот на ноември ќе биде одржана завршната рунда, на којашто 100-те избирачи и 33 претставници на Кипарската Православна Црква ќе изберат нов поглавар.

 

Известува: Patriarhia.ru