Богатството на атонските манастири за првпат претставено надвор од Грција на изложба во Хелсинки
 
 
 
 
 

Богатството на атонските манастири за првпат претставено надвор од Грција на изложба во Хелсинки (19.08.2006)

Богатството на православните атонски манастири за првпат се експонира надвор од границите на Грција на изложба што вчера беше отворена во Хелсинки. Преку 600 експонати, од кои третина е донесена од девет светогорски манастири, раскажуваат за илјадагодишната уметност на Византија, за културата на Православието, а запознаваат и со минатото и сегашноста на познатите монашки заедници. Изложбата претставува непроценливи православни икони, ретки ракописи, резби, а исто така и јувелирен накит, крстови и слики.

            Изложбата беше подготвувана три и пол години. Финската Православна Црква активно учествуваше во преговорите со атонските манастири околу изложбата.

известува: Патриархиа.ру