Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Бразил
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Бразил (17.07.2006)

Во четвртокот, на 13 јули 2006 година, Цариградскиот патријарх Вартоломеј отпатува за Бразил. Според соопштението на грчката агенција за црковни новости, Патријархот учестува на конгресот „Долината на Амазон – извор на живот“ којшто е организиран под покровителство на Цариградската патријаршија и генералниот секретар на Организацијата на Обединетите нации, г-динот Кофи Анан. Форумот има за цел да го привлече вниманието на меѓународната јавност за еколошките проблеми на базените на најголемата река на светот, Амазон. Меѓу тие проблеми се и сечењето на шумите и загадувањето на речните води, а исто така и неконтролираното користење на незаменливите природни ресурси. Посетата на патријархот Вартоломеј на Бразил ќе трае до 21 јули.

 

 

                Митрополит Пергамски Јован


Извор:
http://web.ana-mpa.gr/anafrench/articleview1.php?id=1887