Празникот на светиот Георгиј Победоносец во Антиохиската Православна Црква
 
 
 
 
 

Празникот на светиот Георгиј Победоносец во Антиохиската Православна Црква (08.05.2006)

Светиот великомаченик и победоносец Георгиј особено се почитува во Антиохиската Православна Црква. Според помесното предание светиот великомаченик е роден и погребен во нејзините предели. Во тие земји мноштво храмови и манастири од дамнешните времиња се изградени во неговата чест.

На шести мај беа одржани свечени богослужби во Дамаск, возглавени од поглаварот на Антиохиската Православна Црква, блажениот Патријарх Игнатиј IV. Во своето слово, со коешто му се обрати на многубројното свештенство и верениот народ, подвлече дека светоста е дарот Божји за секој христијанин, којшто според својата слободна волја, може да го искористи за достигнување на височините на богоподобност,но може и да го закопа во земја, како мрзеливиот слуга.  

 

Известува: Патриархиа.ру