Светиот Синод на РПЦ повикува да се возобнови институцијата на военото свештенство
 
 
 
 
 

Светиот Синод на РПЦ повикува да се возобнови институцијата на военото свештенство (13.04.2006)

Светиот Синод на Руската Православна Црква искажува поддршка на потенцијалното возобновување на институцијата на военото свештенство во руската војска.

 

„Позитивниот опит во Татковината и во светот сведочи за тоа дека возобновувањето на институцијата на военото свештенство може да им донесе полза на државата и општеството. Денес во руската војска свештенослужители на традиционалните религии во Русија би можеле да учествуваат во духовното, моралното и патриотското воспитување на војниците. Веруваме дека активната работа на свештенството во војската ќе помогне да се намали бројот на сличаеви на самоубиство, потценување на достоинството на човековата личност и на другите противправни дејствија“, се вели во изјавата.

 

„Светиот Синод на Руската Православна Црква ги повикува државата, општеството и сите традиционални религии во Русија со заеднички сили да ја возобноват институцијата на военото свештенство“, резимираат ерарсите коишто го потпишале документот.

 

Извор: Annews