Грузија: Патријаршијата повикува кон заштита на врбата
 
 
 
 
 

Грузија: Патријаршијата повикува кон заштита на врбата (13.04.2006)

Воочи празникот Цветници, Грузијската Православна Црква заедно со Министерството за заштита на околината и природните ресурси се обрати до населението со молба којашто веќе стана традиционална – да се заштитат врбите од уништување.

 

Во изјавата на Патријаршијата се вели дека последниве години сечењето на врбата во земјата доби масовен карактер што го загрозува и самото постоење на ова дрво.

 

Во изјавата се повикува населението да ја собира врбата на територијата околу православните храмови и да се ограничи на една гранка, бидејќи тоа е сосема доволно за да се одбележи празникот.

  

За разлика од кампањите во претходните години, Владата ги предупредува оние што не добиле соодветни дозволи за продажба на врбата дека ќе сносат одговорност за незаконска трговија.

Извор: Благовест-инфо