Духовништвото на Источно-Канадската епархија на Руската Задгранична Црква се изјасни за единството со Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Духовништвото на Источно-Канадската епархија на Руската Задгранична Црква се изјасни за единството со Московската Патријаршија (11.04.2006)

На 30-31 март 2006 година, во текот на подготовката за Четвртиот Сѐзадграничен Собор и Архиерејскиот Собор на Митрополит Источно-Американски и Њујоршки ЛаврРуската Задгранична Црква, се одржа пастирски состанок на духовништвото и мирјаните на Источно-Канадската епархија на Руската Задгранична Црква. На состанокот, на којшто зедоа учество претседателот на Архиерејскиот Синод на Руската Задгранична Црква митрополит Источно-Американски и Њујоршки Лавр и секретарот на Архиерејскиот Синод епископ Менхетенски Гаврил, беа разгледувани прашањата во врска со возобновување на единството со Московската Патријаршија. Учесниците на состанокот позитивно ја оценуваат насоката кон обединувањето на Задграничната Црква со Црквата во Татковината.

Во резолуцијата на состанокот пишува следното: "Помеѓу духовништвото и клирот на нашата епархија нема и не може да постојат тие што му се противат на црковното единство. Сите недоразбирања по ова прашање, коишто некогаш се појавуваат, се само во врска со изнаоѓање на вистинскиот пат кон тоа единство, со начините на неговото достигнување во Духот и во Вистината Христова. Само ова е предметот на препирки. Се надеваме дека овие препирки не водат кон раздор, туку напротив – кон заедничката мудрост, којашто се дарува од Господ како одговор на упорното барање на срцето коешто ја бара Вистината. Веруваме дека Духот на соборноста, односно на вистинската мудрост, заради усрдните молитви на сите нас, ќе биде испратен во срцата на нашите добри архипастири, за да биде секоја нивна одлука, во врска со посакуваното единство на Руската Црква, примена во Вистината Христова".              

 

Извор: Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија