Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (01.03.2020 19:53)

Денес, на Прочка, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, на која го произведе ѓаконот Симон Митрев во протоѓаконски чин. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.