Божествена Литургија во Ново Село
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Ново Село (12.01.2020 20:18)

Во неделата на Светите Богоотци, кога Црквата го празнува и споменот на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, светата маченичка Анисија и преподобна Теодора Цариградска, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.