Преосветување на црква во Радовиш (18.05.2025)

На 18 мај 2025 година, во неделата на Самарјанката, се изврши преосветување на целосно реновираниот храм посветен на „Св. пр. Илија“, во Радовиш, и се отслужи Света Архиерејска Литургија, а чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение на надлежниот архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ –ОА. На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г.Стефан одржа пригодна беседа, а на дарителите и помагачите на реновирањето на храмот им беа доделени Благодарници од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.