Архиерејска Божествена Литургија во Штип
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Штип (19.12.2025 19:23)

На покана на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков денес во Штип сослужуваше на Светата Божествена Литургија, со која началствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, заедно со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на Свети Никола – патронот и заштитник на градот Штип.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.