Божествена Литургија во манастирот во Ново Село (29.11.2025 12:49)
Денес, на денот на светиот апостол и евангелист Матеј, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј Победоносец и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

