Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (30.03.2024 12:55)

Свештен и божествен органу на Премудроста,

светла трубо на богословието, прилежно те воспеваме, Григорие Богопроповеднику:

како ум кој стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум,

за да повикуваме: Радувај се, проповеднику на благодатта.

(кондак на свети Григориј Палама)

 

 

Денес, на претпразненство на Неделата на свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.