Заупокоена Литургија во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово (18.03.2023 08:57)
Денес, по повод годишниот помен од упокојувањето на игуманија Синклитикија, во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Берово, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговииот викарен Епископ г. Јаков Стобиски. По Литургијата, Епископот Јаков отслужи парастос на гробот на блаженоупокоената игуманија Синклитикија.