Божествена Литургија во Струмица (12.03.2023 18:45)
Во втората недела од Великиот пост посветена на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.