Водокрст
 
 
 
 
 

Водокрст (18.01.2023 11:21)

Денес, на Водокрст, кога Црквата го празнува споменот на преподобна Синклитикија, светите маченици Теопемт и Теона и светиот пророк Михеј I, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Вечерна со Василиева Литургија во параклисот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. А после задамвонта молитва направи Голем Богојавленски водосвет.