Божествена Литургија во Ново Село (15.01.2023 11:20)
Денес, кога Црквата го празнува споменот на свети Силвестер и преподобен Серафим Саровски, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.