Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски ги прими децата од школото за веронаука во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица
 
 
 
 
 

Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски ги прими децата од школото за веронаука во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица (08.01.2023 10:38)

Денес, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков ги прими на божикен ручек децата од училиштето за веронаука при црквата „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица, и им се обрати со кратка поучна беседа во која ги потсети колку е важно да Го сочуваат Христос и Неговата светлина во нивните срца, држејќи се за Црквата и нејзиниот светотаински живот, и да не дозволат никој и ништо од овој свет да им го замени или одземе тоа. Владиката воедно им се заблагодари и ги пофали за вложениот труд и посветеност околу бадникарскиот концерт.