Сеноќно бдение со Божествена Литургија во Струмица на Божик (07.01.2023 18:42)
На празникот на Рождеството Христово, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Божествената Литургија на верниот народ му беше поделена новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Философски стрмнини“.
Христос се роди!