Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот г.г. Стефан за „То Вима“: Единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност (05.06.2022 20:45)

Поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан во ексклузивно интервју за грчкиот весник „То Вима“, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената Црква која по традициите и каноните издава таков документ.

„Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Нити бараме, нити посакуваме, нити заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу. Во подготвителните заседанија, но и со разговорите во Шамбези, беше поставено прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, односно тоа да се одвива по пат на некаков сеправославен консензус и да биде потврдено од сите претстојатели на Црквите. Вселенскиот Патријарх беше многу снисходлив, откажувајќи се и од своите права, за, сепак, да се дојде општо задоволство и мир во меѓуправославните односи. Но тоа што се предлагаше не се договори конечно и не беше усвоено и прогласено за важечко правило со сеправославно решение. Остана да важи традицијата загарантирана од каноните, дека единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат“, вели г.г Стефан во интервјуто за „То Вима“.

Извор: Религија.мк