Недела на Православието (21.02.2010)

На денот кога Православната Црква го слави празникот Недела на Православието, Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан во сослужение со поранешниот Митрополит Горазд и свештенството од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски. По повод празникот, после Литургијата, беше изведена свечена програма со настап на црковниот хор при Архиепископскиот Соборен храм и хорот од дечињата кои ја посетуваат Верунауката.




фото:Александар Божиноски