Исповед и свештеничко собрание на свештенослужителите од Скопската православна епархија (22.02.2010)

Свештенослужителите од Скопската православна епархија, заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква Aрхиепископот г. г. Стефан, во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“, извршија св. тајна исповед, а потоа во свечената сала при соборниот храм беше одржано работно собрание на тема „Светата тајна исповед – спасоносниот клуч за Рајот“. Темата беше подготвена и изложена од ереј Здравко Пејковски.

