Работен ручек со градоначалниците на Општина Делчево и М. Каменица (01.02.2010)

На 01. 02. 2010 година, во резиденцијата на Исарот во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на Негова покана, ги прими на работен ручек Градоначалникот на Општина Делчево, г. Горан Малешевски, Градоначалникот на Општина М. Каменица, г. Дарко Митевски, Архиерејскиот намесник од Делчево, протоерејот Атанас Поповски, Секретарот на Собранието на Општина Делчево, г. Здравко Миречевски, Директорот на ЈП Брегалница во Делчево, г. Николчо Николовски, Директорот на ЈП Камена Река во М. Каменица, г. Драги Стаменковски, старешината на храмот Успение на Пр. Богородица во М. Каменица, свештеникот Ванчо Џаџовски и старешината на храмот Успение на Пр. Богородица во Делчево, свештеникот Александар Васев.

Известува: протоѓакон Саше Ристов