Празникот свети Атанасиј Велики прославен во Оризари (31.01.2010)

Во кочанската приградска населба Оризари, во храмот Свети Атанасиј на 31. 01. 2010, посветен на овој светител, Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво а во присуство на многубрен народ. По светата литургија Митроплитот г. Иларион одржа пригодна беседа И му додели пофалница на г. Стефан Смилков кој сеодано се грижи за доброто на манастирот посветен на Животворниот извор на Пресвета Богородица - Добра Вода во Оризари - Кочани и го благослови и пресечен славскиот колач.
Свештеноначалниче Атанасие, ти си бил тврдина на Православието и со божествените догмати си ја утврдил Црквата. Си проповедал дека Синот е едносуштен со Отецот и си го посрамил Арија. Отче преподобен, моли Го Христа Бога да ни дарува голема милост.





Известува: протоѓакон Саше Ристов