Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на свети Гаврил Лесновски во Лесново (27.01.2010)

По повод Празникот на Лесновската Светиња - Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г, Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската  Обител отец Дамаскин и браќта при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба, го благослови петолебието и се обрати кон присутниот православен народ со прогодно слово.

Утредента на 28. 01. 2010 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече славскиот леб. На Светата Литургија, и покрај лошите временски услови,  најупорните пристигнаа да се помолат и поклонат на Светињата во Лесновската Обител, меѓу верниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општива Пробиштип г. Тони Тоневски со Преседавачот и Советниците на Општина Пробиштип како и Заменикот Министер за Одбрана г. Емил Димитров.

 

       

 

        

 

        

 

        

 

        

 

         

 

      

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов